Леле, мајче ти мила! „Ами ако почне секој ден по еден петел да коле, што ал прави црни Илко, сака сите селски петли да ги исколе и пак не стигаат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Почна секоја недела да се бричи, месечно да се потстрижува, та дури постојано и подвески да носи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не сакав да си признам, ама едно време почнав секоја вечер в постела него златниот да го молам, да му велам: „Боже! Боже!
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Таа ги бришеше очите полни со солзи-радосници кога тој почна секое утро да излегува, облечен со костум, на новиот велосипед за да ги учи децата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Му кажа дека поминала убав живот со него, дека бил идеален маж, нежен и внимателен, сè додека не запознал друга жена, сè додека таа не го завела и не им се замешала во нивниот живот и тој не почнал секоја втора ноќ да ѝ доаѓа: една ноќ да спие кај неа, а втората кај другата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)