Лут на бувот зашто го штрекна среде размислувањето и цврсто решен еден ден лично тој, Максим Акиноски, да го убие, скокнува од столот, оди кај масата, го зграпчува цртежот, го тутка и го фрла во огнот во оџакот, почнува нов.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бидејќи претопувањето на тоновите во звучна целина веќе е нагласено во фразите, тоа ги поттикнува склоповите на слободни асоцијации, па Дишан почнува нова употреба на игрите со зборови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ќе почнам нов живот. Америка е земја за мене.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
А во исто време, двајца млади, штотуку дојдени во метрополата, ги собувале опинците на железничката станица и, боси газејќи по подот со плочки, каков што дотогаш немале видено, бегале за да почнат нов живот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Успеа да ја дотера само уште таа штица, превивајќи се над трупецот, а кога се обиде да ја почне новата, бичкија веќе сосема бессилно се влечкаше и замажуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
(Ќе замавне оддолу кон небото, човекот не се распорува поинаку.)
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога требаше да почне нова реченица, дишеше низ нос или кога ќе ѝ се истрошеше здивот, пак го употребуваше носот за да земе нов и продолжуваше со мислата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но не смееше да почне нова дискусија со козарите, зашто повторно ќе се најдеше во безизлез.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чалгиите престанале. Стариот почнал нова полифониска тоскиска мелодија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)