Јас почнав сама, планот ми беше да го извадам крстот од гробот, за да не биде како другите мртви што имаат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зборовите „Гуштероглавиот и Песоглавиот, во темниот простор на мојата маса“ почнаа сами да се испишуваат, дури да се исцртуваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Марија почна сама да се мие, да се чешла, да се преоблекува. Сама да јаде.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Почна сама со себе да зборува: „Чекај! Што ќе биде со мене кога ќе процветам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш почна самиот да се обвинува. Не требаше да избрза со писмото што ѝ го напиша... И со картата за пат...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Дури тогаш, по смртта на татко му, откако почна сам да се расправа со сопствениците, Аргир разбра колку биле празни надежите на печалбарот, кој работи туѓи куќи и кому туѓи луѓе без душа и срце, му го мерат и ценат тешкиот труд...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се замисли длабоко, па како да се присети нешто, плусна со рацете.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)