По повеќе од половина час заморувачко клинкање, кога Едо почна веќе да чувствува дека пределот околу него обраснат во зеленило нема доволно воздух за неговите гради, пристигнаа во некое село во кое згрмадените приземни селски куќи беа како напикани и задскриени под сенките на огромни дрвја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Еве, почна веќе и насилно влегување по куќи: војниците побеснети ги кршат вратите и однатре извлекуваат сé што ќе дофатат: жени, деца, старци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со пријателот од Кипар почнав веќе да се допишувам...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
На дедо не му кажував што ми порачуваше даскалот, а дедо, кој почна веќе да се опоравува од пониженоста, еден ден ми рече: - Чендо на дедо, дојди, седни до мене.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А некој од нив рекол: „Да го отковаме ковчегот и да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А некој од оние прости луѓе од роднините, рече: „Да го отвориме ковчегот и да го видиме уште еднаш, да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По смрта на Сталин почнавме веќе да се соединуваме со родителите... Секако, со тие кои останаа живи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Живот свој живеј, почни веќе еднаш, почни веднаш, вистина да гледаш, престани замолчен да бидеш.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)