Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Заплисната од пробудените чувства, понесена од среќниот наплив на љубовта, почна постепено да губи интерес за Пансионот и сè повеќе со чашката в рака да се движи низ просториите, да пие, да лудува со Богдана не водејќи сметка за ништо.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Започна да пати и од несоница: шеташе ноќе по терасите, по дворот, земаше апчиња за спиење, но зголемувајќи ја постојано дозата, апчињата почнаа постепено да не дејствуваат, стана имуна.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)