— Бре, бре, бре! — се чудеа невести, жени, девојки, кога Нешка почна редовно да ја посетува црквата и редовно да носи поскури.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра почна редовно да ја пали свеќата откако ќе си лепнеа Илко и Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Можеби сето тоа изгледаше како хорор шоу - „предворјето на пеколот“ - за луѓето од страна, но за нас сето тоа беше нормално - на крајот, ние бевме група луѓе што умееше да ги сфати проблемите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
(...) Во септември почнавме редовно да излегувавме во бар / ресторанот Макс Канзас Сити.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Иако знаеме дека две проекции на еден ист филм не се секогаш идентични, Ворхол отвора можности за интерпретација, како во врска со звучната слика, т.е. озвучувањето на своите филмови, така и во поглед на редоследот на прикажувањето на ролните и нивниот меѓусебен однос (во Девојките од челзи кој се прикажува симултано на две платна, односот на ролните не е прецизиран ниту временски ниту со распоредот).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во 1965. (зрела фаза) Ворхол дефинитивно го открива тонот и почнува редовно да го користи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Јас, исплашен, почнав редовно да си ја вршам работата иако знаев дека со тоа јас се помирувам мене да не ми биде признаено осмогодишно образование и, згора на тоа, сепак да ми се случи да бидам избркан од работа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сепак, како што деновите изминуваа, нивните односи како да се сталожуваа; почнаа редовно да се среќаваат во нејзината викендица во Лагадин; Едо почна полека да се смирува па дури да се прекорува поради своите, како што сега му се чинеа, претерани сомневања во неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
После малку се среди: Англичаните и Французите пак почнаа редовно да нѐ снабдуваат. А имаше и од кај да се купи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)