почнува (гл.) - по (предл.)

Ги изврши на нормален начин сите редовни, претпладневни задачи, донесе малку сено и две, три јаболка во тремот, пред Кротка, која веќе покажуваше знаци на доверба кон момченцето и почнуваше по малку да јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Влегувавме во два часот попладне, ги затвораа вратите, а филмот почнуваше по два или три часа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Почнувате по малку и да се занесувате, па малку и да не паметите, па за да ја задржите четворката или петката, треба двојно повеќе да седите над книгата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пепелот од цигарата секогаш му паѓаше на панталоните. Никогаш не стигнуваше да ја истресе навреме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се смееше заразно и сите почнуваме по него.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)