почнува (гл.) - веднаш (прил.)

Филмот во нејзиниот мозок почнуваше веднаш, без журнал, а сликите намерно ѝ се повторуваа на стотина пати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Шумата, што почнуваше веднаш тука и ги обраснуваше двете високи странки на долината, беше станата сета еден раскошен бел вез, во кој секое дрво претставуваше по една чипкеста плетенка од окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Завивањата почнуваа веднаш крај нив, на неколку чекори од нив, тоа ги тераше при секој нов писок да се ребрат, збрани во студените трпки на страот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)