Можеби незгодната изложеност врз метежната улица ги спречуваше жителите да го појават своето тело пред погледи на љубопитни минувачи кои, не ретко, зјапаа и во авионите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Долу, по орниците, од каде што пред неколку дена стана снегот, ги појавија своите сини и жолти главчиња качунките, а разните тревки распуштија зелени ливчиња, мамејќи ги беговите јагниња на сладок појадок.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)