Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Само оние кои некогаш биле деца можат да појаснат зошто денес јас не го чувствувам дождот: таа светлина во мене не доаѓа од сонцето туку: од неговиот брат - добата која одминува. * -- * Вилијам Карлос Вилијамс:„Жолтиот оџак“.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)