Постоунволското геј-движење се обиде да го направи првоно; теориите за третиот пол, главно, го прават второво.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исходот бил или да се промовира сексуалноста за сметка на родот или да се повласти родот за сметка на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи хомосексуалната толку долго се третирала како психолошка абнормалност или патологија што се состои од замена на половите улоги или родова обратност, една видна нишка на постоунволската машка геј-политичка мисла и култура се обиде хомосексуалноста да ја одвои од родот и да ја претстави како чисто сексуална ориентација, во која сѐ се врти околу изборот на сексуалниот предмет и која, затоа, е сосема во согласност со нормативната мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Историски, имало склоност сексуалните практики и родовите идентитети на геј-мажите да се концептуализираат одделно едни од други, да му се даде приоритет на еден, а другиот да се третира – ако воопшто се третирал – само како обична последица од првиот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)