Ме одбраа едногласно под услов што го постави Пенчо: Баждар да ги каже брзо, како што тоа го правеше често, имињата на сите градови што ги знаеше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На скршеното окно закова парче ламаринка, окното од тоа стана едно слепо окно, така правеа често во селото, кога ќе немаа при рака стакло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не оти сакав така, туку морав, оти знаев дека Писмородецот потем ќе ме повика во својата одаја, како што правеше често кога не беше задоволен од моето поведение, оти сакаше само на него да личам, а на себе – не.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По секое коцкање, за среќа тоа не го правеше често, се враќаше во својата париска мансарда исцрпен, скршен од каење, со последните пари во џебот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)