преземе (гл.) - акција (имн.)

При ваквата положба во гратчето ретко кој би се осмелил да преземе акција во која би морале сите да се ангажираат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Железничката пруга СКОПЈЕ-КИЧЕВО повторувам СКОПЈЕ-КИЧЕВО. (Два) Железничката пруга ПРИЛЕП-ВЕЛЕС повторувам ПРИЛЕП-ВЕЛЕС.(Три) Покрај горните комуникации неопходно е во споменатиот период од 1 до 7 септември да преземете акции и на другите важни комуникации така што непријателските комуникации да бидат парализирани.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Имало, значи, полно факти што го натерале Стег да ја даде следнава необична оценка за солунската полиција: “Слепилото на полицијата, којашто дозволила такви значајни работи да се изведуват во најнепосредна близина на Банката, толку голема количина динамит да се внесе или произведе во Солун и непознати сомнителни лица да одат и доаѓаат без да бидат забележани од нејзините агенти, овде изгледа толку необично што, според мислењето на голем број луѓе, тоа не може на друг начин да се разбере, освен со тоа: можеби е дадена директива таа (полицијата) да ги затвора очите додека револуционерите не се осмелат да преземат акција од таков карактер којашто на властите би им дала можност да ги оправдаат најстрогите репресалии“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од своја страна и британската влада презела акции со кои сакала да ја покаже промената на британската политика во однос на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
ѓ) Четвртата македонска бригада со Плачковичкиот, Малешевскиот и Струмичкиот одред добиле задача да дејствуваат на комуникациите во долината на реката Брегалница: е) останатите единици на НОВ и ПО на Македонија требало да преземат акции на комуникациите во своите реони.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа, ве молам, веднаш да се превзеде акција низ селово за собирање опинци и чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)