Војската, која се одликува со најдобра организациска подготвеност, би можела да ја преземе грижата за евакуацијата, транспортот, лекувањето и рехабилитацијата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од селото замина уште како млад. Се ожени доста рано, по желба на мајка му која сакаше што побргу да го вдоми за да има кој да ја преземе грижата околу куќата и имотот по смртта на татко му.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)