преземе (гл.) - раководство (имн.)

Палестинците од 1969 година кога Арафат го презеде раководството на ПЛО не видоа бел ден во нивната окупирана земја, нивната судбина остана непроменета.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гоце Делчев и Ѓорче Петров, откако сфатиле дека основна задача на Сарафов и на неговите пријатели - офицери била да го преземат раководството на Македонската револуционерна организација, за да ја насочуваат нејзината дејност според желбите на кнезот Фердинанд, му ја скратиле поддршката што му ја давале во почетокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Годината 1988 можеби беше пресудна во борбата и животот на Јасер Арафат, најсилно данајски привлечен во лавиринтот на стапицата, макар што во таа година беше убиен најблискиот негов соработник Абу Џихад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сарафов, газејќи ги спогодбите постигнати со задграничните претставници, ги вложил сите сили да го преземе раководството на Револуционерната организација и да ги истисне од нивните позиции и самите задгранични претставници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)