преземе (гл.) - ризик (имн.)

Чекоревме крај Езерото, потем крај реката Дрим, во градот Струга, како среќно, спасено семејство, а можеше лесно да се случи, доколку не се преземеше ризикот на историското бегство, во овој ист светнат ден, да чекоревме како несреќно семејство, упатено во логор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше свесна за цената што ја плаќаше за добиената виза, на што ја предупреди и Татко, но таа си го презеде ризикот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Токму со својата внука не сакаше да го преземе ризикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)