Заборавив да спомнам: Стариот писател Зрновски, барем според она што го рече, дошол да ги оправда нив двете но и понатаму ме уверуваше дека во моментот кога ќе ги прифатиме како вистинити приказните што ги создава расипаната фантазија или очите на поттикнувачите на злото кои за жал напати умеат да ја преземат улогата на нашите очи, животот се престорува грдо калиште.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Денес голем број тинејџери се принудени, поради економската криза и големиот број разводи на нивните родители, да ја преземат улогата на возрасните во семејството.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И не случајно еден ден, многу години по татковото починување, со напомена, ми ја испрати за татковата библиотека книгата од својата сестра Ањес Лејбовиц: Philosophie du droit international (Paris,1999)
Frјuѕ, 23 X 2000
Господине,
Како и вашиот татко кој, како што вие велите, стана ваш упорен читател на вашите текстови, и јас си ја презедов улогата на упорна читателка на текстовите од сестра ми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Зборуваше… Зборуваше…а во неговите зборови ниту траг од сочувство поткрепено од надеж… или барем некоја ситница што ќе потсети на оној низок лет на ластовицата над калдрмата по долгата суша, во оние пресудни мигови на очекување на дождот кој ќе ги подигне од загрејаната почва замелушавените мрзливи инсекти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Напати и самите музеи ни личат на театарски сцени во кои водичите - конзерватори ја презеле улогата на актери, а од самите музеи не може да има подобри театарски сцени, со беспрекорна сценографија и декор.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јана ја почувствува напнатоста и ја презеде улогата на миротворец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога се доселивме во новоизградената станбена барака, ми се чинеше дека одеднаш бев пораснала и во оваа куќа треба да преземам улога на домаќинка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Обидот на Симона да ја преземе улогата на Бог, демијург којшто ќе „донесе“ вода, е презрен и „закопан“ без вистински причини, со наполнувањето на бунарот како симболичен чин на каменување на самиот Симон.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)