Ја напишав најнапред без да посветам многу внимание на споредните работи, важно ми беше да го искористам моментот за да ја пренесам мојата мисла на хартија, па откако сето тоа го направив се навраќав неколку пати да го препрочитам напишаното.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Откако се насити со свежа салата, беше со љубов чуван и гален, неговото почетно напредување ветуваше, па со надеж си реков себеси дека пред борот во дворот да ја премине висината на покривот, Освалдовите сребренести рогови ќе се најдат во видното поле на Маргарета за да ѝ ја пренесат мојата љубезна порака; во меѓувреме, одовде среќно би можел да ја замислувам нејзината радост кога ќе го здогледа, мавтањето на плетенките и рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Мислев оти божјата мајка бездруго ќе ги пренесе моите барања онаму каде што треба. А може и ги пренесувала.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)