И таман се наближи до чешмичето, од папрата изрипа Турчин со готова пушка на рака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добро — рече Толе и како смок се свлечка преку камењето и го пресече патот, та се намести зад една од многуте карпи на Скала.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но пците не се задржаа крај него. Го пресекоа патот и, небарем дира од дивеч тераат, почнаа да лаат. Отрчаа преку пресоп кон чешмичето во стената.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Првата македонско-косовска ударна бригада која по борбите во Февруарскиот поход се повлекла во делот на Македонија под Грција во областа Меглен, добила задача да се пробие во Западна Македонија, да ја обнови слободната територија од 1943 година, а потоа да дејствува кон Централна Македонија, да ги пресече патиштата од јужна Албанија кон Скопје, што им служеле на германските единици за врска и снабдување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но тој не стравуваше за живот и имот, него го мачеше мислата, што на моменти се претвораше скоро во извесност, дека војната ќе ги пресече патиштата меѓу него и неговото девојче, и дека никогаш веќе нема да го види.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Поправете ја телефонската линија, а ти земи го мојот коњ - нареди Кикицас - и трчај наврат-наноц и пренеси му на командантот на 103 бригада веднаш да испрати еден баталјон на помош, да и го пресече патот на колоната камиони и да ја уништи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дури и додека ја гледаше црната орда како напредува кон југ, тој виде уште една сила, необјаснето собрана, ненадејно никната во нејзината заднина, како ѝ го пресекува патот по копно и по море.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се спуштија право надолу, го пресекоа патот за манастирот, сурнаа в река, преку река малку поискачуваа и пора за час се најдоа во Коленово.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го пресекоа патот што се протега кон езерото, влегоа во некои ливади во кои зацапаа во водје, се пикнаа во капињето на некоја меѓа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Оловото на старата огњарка ѝ ја проби плешката и излезе кај вратот. Во тоа свое бегање, волчицата и не го забележа зајакот што и го пресече патот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ме пресретна и ми го пресече патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Коњот е повеќе вознемирен и исплашен одошто загрозен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еден каиш не е во состојба да му го пресече патот на воздухот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веќе ја има седнато својата голема снага, петелот уште лета како да е птица, ама в миг нешто огромно и црно и дрангорливо му го пресекува патот и него го снемува од светлината.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури и подзастанав па Бушавиот ме погледна некако зачуден и праша А што се случи? Да земам воздух, реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во тоа свое бегање, волчицата не го забележа зајакот што ѝ го пресече патот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја пресечува патот во изградба.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Изгледа вистина е тоа, дека оние безбожници посакале да им го пресечат патот и да ги фрлат в море.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Потоа паднав во една тешка депресија која уште повеќе се зголеми попладнето кога дојдов “дома” и кога оној човек со мантил и темни очила ми го пресече патот. 78 okno.mk “Што решивте?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)