Според тие критериуми, оној вид на геј-култура што се стекнува дури во подоцнежниот живот воопшто не би се ни квалификувал како култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од, да речеме, Американците, тие не претставуваат општествена група што постојано се обновува себеси во сите поколенија по пат на сексуална репродукција и примарна социјализација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите изгледа не ѝ припаѓаат на „култура“ во некоја така крупна смисла на тој збор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите мораат себеси да си ја претстават општествената норма што гледаат да ја отелотворат за да можат да ја отелотворат: тие нужно се свесни за однесувањето според веќе постојниот општествен модел.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секоја „култура“ што не се стекнува преку примарна социјализација мора да биде релативно површна, минлива мода или навика или светоглед, а не врежан начин на суштествување и на однесување; не би била многу длабоко вкоренета во субјективниот живот на поединецот или на групата, па би било лесно да се смени и ранливо би подлежела на промени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е тоа што претставува општествено суштествување. (Locus classicus на оваа настрана пронигба е драмата Прислужничките од Жене.) А тоа е и она што хетеросексуалната култура го потиснува и не може да го признае, бидејќи ако се признае, тоа би значело откажување од повластиците сврзани со автентичноста, со општествениот статус на природно нешто, чие постоење не е ништо освен вистината за неговата суштина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Вито Акончи, „Јавен простор во приватно време“ 68 1.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Вовед Како простор што е достапен – барем номинално – на сите граѓани да уживаат во него и да го користат, јавниот простор е локација каде што се формира и претставува општествениот идентитет, сцена на која се одигруваат општествените практики, а во неговото пошироко значење на „јавна сфера“ тоа е место каде што „јавноста“ се организира, претставува и замислува.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)