Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дики (Претура по фиоките): Два пластиканца (ги покажува), две јапонски куглици, вештачки гради и еден вибратор со брзини!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Златна несреќна мајкина, - велеше мајката претурајќи по ковчегот и ронејќи горешти солзи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Квечерината, додека претураше по белешките, виде како неколку врапци се распоредија на телефонските жици како ноти на петолинието.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Премногу си мрзлив, тоа ќе ти се одмазди! (Кон Дики) Што пронајде?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зборував со непознатиот, но ми се стори некако познат, дури и немав време да претурам по мислите од кај, но некако многу познат... .
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)