Тие што тргнаа преку Веселички Рид уште еднаш, штом се завкачиле по падините на ридот, виделе дека попусто ќе одат и понатаму: во снегот немало никакви траги, ни човечки ниту, пак, од некој ѕвер, но зашто била издадена таква заповед, се префрлиле преку рид и низ Веселчани и по Џаде дури до Алинци стигнале, а другите, кога дошле до Галичка Река, решиле да не одат понатаму: од Алилово натаму снегот по патот бил сиот разгазен и колку повеќе се приближувале до градот тој толку поразгазен станувал, па зашто никој не можел да одреди кои стапалки чии се, дали од другоселски пазарџии или од ајдутинот и од Бошета, и тие се вратиле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Перса се приближува до Роса, ја прегрнува, зборува И мене ми е мило... оваа мома се нема насмеано откако е дојдена кај мене.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Младен стрпливо се приближуваше до дното на бокалчето џиткајќи ги чашите како во бунар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се приближувам до скулптурата и во дланката спуштам паричка.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Неговата колипка беше од груб камен и покриена со шевар, а овде, додека се приближуваше до бегот, бос, газеше по скапи персиски килими што го покриваа душемето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Скокањето од одарот на штиците ни малку не ѝ помогна, тоа дури не се ни приближуваше до напорите што ги имаше преку ден на работа, ја немаше Риса на Дине за да ја поучи, а ни Тина Гледачката, мајка ѝ на Ангелина, која кога не гаташе им помагаше на момите да не се срамуваат пред да удри тапанот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Така е секогаш кога се приближуваме до центарот на светот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)