Иако првата изведба на Ладламовата Камелија (адаптација на филмот Камелија од Џорџ Кјукор од 1936 со Грета Гарбо во главната улога, заснована врз романот Дамата со камелии од Александар Дима и операта Травијата од Џузепе Верди) беше во 1973 година, речиси деценија пред некој воопшто да слушне за ХИВ/сидата, во она што Бартлет го вели за драмата тивко провејува изострена свест за околната епидемија, која во 1987 година го зеде и самиот Ладлам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)