продолжи (гл.) - мисла (имн.)

Дарвиш ја продолжи мислата: - Но нашите легенди не можеа да постојат вон реалноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му раскажував за балканската легенда на вградената мајка во темелите на големите градби, како дел од саможртвениот синдром...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Штом се плуснува на својот кревет, зборува како да си ја продолжува мислата: - А, вели, ретко некој излегувал од затворот?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неговата сенка, од време на време, проигруваше од осветлената лампа врз татковите книги. – Но јас имам читано – ја продолжи мислата татко ми – дека козите живееле со луѓето уште во време на таканаречените наколни живеалишта, најстарите човекови домови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Така би побратиме! - се огласи најпосле Татко, не толку со намера да го прекине, туку го охрабри побратимот да ја продолжи мислата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)