Овој изналегна во гробиштата крај црквичето, а Толе продолжи нагоре, горе долот, убеден дека и сега лесно му се слизна од раце па бимбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трајче продолжи нагоре низ врбјакот, се распули наоколу, скина едно танко врбово гранче и го пикна во кавалчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И таман што се заврте да му викне и на Трајка да се прибере, одеднаш од камењата на пет метра пред него загрмеа педесетина пушки. Co последниот стих од песната на устата Толе падна заедно со коњот и извика така силно што долот одѕена: — Оооф! ме изедоа мене пците, токо не дај се баре ти, сине.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се одмори малку и продолжи нагоре.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Значи, пат дотолку да може да се стигне до онаа единствена куќа на Симона во Долнец и да се продолжи нагоре кон Стрелеско.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кај Крстџамија Андон се поздрави со ќеманџијата и сам продолжи нагоре, накај Варош.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)