прочита (гл.) - во (предл.)

Зарем, како што можеше да се прочита во татковите книги, овие луѓе не опстанале благодарејќи на козите? Што се случуваше со овие луѓе?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја одвитка и ја прочита во себе мрдајќи со усните. Климна со рамењата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Доколку, сепак, можеше нешто да се прочита во најновиот распоред на Татковите книги, создаван во непроспаната ноќ, тоа беа сигурно клучнитезборови од неговиот тестамент - да продолжи потрагата по неговите сиџили, од местото каде што запре тој и од каде повеќе никогаш не ќе може да продолжи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка ја зеде лупата со огромна благодарност што можеше да ѝ се прочита во очите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Посебно провокативно, сметаме, е интервјуто со Вилем Флусер, чии што веќе два текста за Виртуелната стварност имавте шанса, почитувани читатели, да ги прочитате во Маргина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бавно кревајќи рака, тој го скина пликот, и, штом ги прочита во себе првите редови, лицето му светна и тој извика: - Таксај, Бојано, таксај! - Што бре, што има?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се плашеше лагата да не се прочита во нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одредени детали се толку безначајни што ќе наидат на мал или никаков интерес кај обичниот читател, а поради применетиот систем на организација на текстот, информациите за одредени настани од животот на Дишан, тешко е, ако не и невозможно, да се пронајдат доколку каталогот не се прочита во потполност (иако е од некаква помош индексот на делата). (15) Меѓу безбројните нови работи кои ги дознаваме за животот и уметноста на Дишан од Ефемеридите, најизненадувачко и најинтересно е тоа што Дишан имал ќерка за која знаел но која ја сретнал дури две години пред да умре.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подеднакво е сигурно дека повеќето ќе ги сметаат за најконтраверзни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сане ги оџагорува очите, устата му е отворена, се обидува да се насмее, но и да заплаче; чувствува дека би било несмасно да се смее па на изразот му дава печат на тага.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Потем се истава, а Саздо се обидува да му прочита во очите што всушност се случува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Иронијата на театарот... е што честопати повеќе гејство може да се прочита во наводно стрејт-ликовите...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имињата на нејзините деца што ги прочитала во весникот и кои останале сираци длабоко ѝ се врежале во срцето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е, за таква шлаканица, деновиве прочитав во незавршениот роман на Петре М. Андреевски , „Бежанци“, поточно во расказот „Шлаканица“, еден од осумте раскази (објавени во истата книга со незавршениот роман) под заеднички наслов „Боеми“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ете, поради тоа, кога убаво се изнасмеав од прочитаното во есејот на Јан Кот „Одалеку-одблиску или Балзаковиот кревет“, веднаш потрчав во собата каде мојата сопруга уживаше во следењето на ТВ серијалите и почнав да и раскажувам за Јан Кот и за неговите средби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, еден податок што го прочитав во бугарските дневни весници (во скоро сите од 4-ти февруари) ги чини точни моите забелешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
АКЦИЈА За акцијата прочитав во еден од дневните весници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Светлоста на кандилото од ѕидот ни со најмал зрак не му го допрела лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малодушникот не можел да му ги види очите на внукот и не можел да прочита во нив милост. Малоумнички во лежењето се потргал кон ѕидот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сака нешто да ми прочита во нив, низ црнката да ми се провре во срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го отворив „Гласот на јавноста“ што на масата го остави Аристин, прочитав во весникот дека истиот тој ден, во раните утрински часови, сум умрел. *
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Превод од српски: Лидија Николова
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред некој ден прочитав во весник за едно научно истражување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неговото лице беше в сенката а Мануш и Јанкуло, потпрени еден на друг, не можеа ништо да му прочитаат во очите и чекаа уште побледи од порано.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но Сталин, можеше да се прочита во татковите записи, беше најголемиот јаничар што го познаваше светот, во времињата кои познаваше, во кои живеел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„А дали било вообичаено - јас само го наведувам она што сум го прочитал во учебниците по историја - дали било вообичаено тие луѓе и нивните слуги да ве туркаат од тротоарите во сливниците?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беа зборови што ги беше прочитал во еден напис зачуван меѓу книгите од манастирот Свети Ѓорѓија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Читал ли книги, ја криел ли својата нарав зад мудростите прочитани во нив?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој на сите им помогна да се средат, раскажувајќи еден шеговит настан што неодамна го прочитал во весник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Попот и Васил му раскажаа од почеток до крај, Анѓа ги дополни за зулумите од прилепскиот кадија со своето ропство кај него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И двајцата снемеа. Та шо мислеа да си кажат, си прочитааа во очите и во црвенилото на нивните млади образи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бев прочитал во една книга со геометријски цртежи дека аголот на гледањето сосема го менува впечатокот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не се знае, песната што ја прочитавте во почетокот не кажува, а ни луѓето не знаат, - но Луман сигурно имал во Брезница и друго и јатаци, зашто само по неколку дена разбрал дека Бошко се пофалил оти ќе го предаде на комитите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Суфистите, прочитав во една енциклопедија, се мистици кои ги потенцираат емоционалните аспекти на посветеноста на Севишниот, преку екстазни состојби, кои стигнуваат до транс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Доаѓа едно попладне тетка Наде, или Надежда, или Надеждица, сеедно, другарка ѝ на мајка ми и комшивка од деветти кат, доаѓа на кафе, како што секојдневно си одат-си идат, и вели: - Ти го прочитав во весник денес расказот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу е убав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)