Барем така, преку рид, преку трап, со пешник леб во едната и парче сирење во другата рака, да се пцуеме, да се караме, а не да пукаме и да се убиваме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во главата дури имаш жива слика како 'рбетните пршлени ти пукаат и како 'рбетната течност истечува од нив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Двособниот стан се преобразува во терми, заситени од тешка пареа, и од таа надразнувачка атмосфера, изнуркува јадрото, испотено тело на госпа Елвира, со сочни, податливи дојки што ни најшироката дланка не може да ги опфати и со моќни колкови, под кои пукаат и најсолидните гаќички.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Касапите го врзаа накусо за гредата добичето, му рекоа на милиционерот оти може да пука и ги фатија ќошињата на кланицата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Постојано се пука и не можеме да излеземе од ровот, ниту тој може да дојде кај нас...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На војниците им иде да пукаат во прозорците. Да пукаат и да пукнат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пукаат и пцујат, нѐ нарекуваат вошки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само да пукаат и да ми се прават красти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пукаат и пеат, а устите им се зацрвениле, како да имаат неизбришани капки вино.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И вистина, при поголеми качачки налети, идеа војници од градот, се растураа над селото, пукаа и пак се враќаа назад.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Нашите му поверуваа и тој зеде еден митролез, цело време пукаше и се покажа како голем борец.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Остана само еден кој ни покажа некаков документ, божем работел за нас и бил доктор.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)