пукне (гл.) - срам (имн.)

Треба да му се каже на брата ми оти инаку ќе пукне срам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Андрица, од страв да не раскаже жена му на Оруш низ селото, да не пукне срамот - го напушти селото, фати некаде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Им понудил да работат кај него како добро платени проститутки; тие одбиле; тој се заканил дека ќе ги убие, и две ноќи ги држел заклучени во неговата куќа; дошла полиција и ги ослободила, но пукнал срамот, нивните имиња и фотографии се нашле во весниците и тие веќе не се вратиле во родниот град; дури, и ден-денес не знаат дали мајка им е уште жива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)