пусти (гл.) - куќа (имн.)

Кога видоа жителите на Потковицата, особено војводите, Крсте Јаначески, Најдо Акиноски и Дамческите, Мирче и Даме, дека се пусти куќата и имотот на Ордана Голушка, дека жената и детето негово не ги бива за некоја полска работа, и нив и имотот нивни ги зедоа под свое.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Влезе тој натемаго во ниј, ќе а пустат куќата, — рече Стојо еден ден кога пак се повторија кавгите меѓу Митра и Доста и се обиде некако со притисок да ја замазни кавгата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)