Со неговото идење, земјата започна да испарува, да шири мирис на темјан, на блаж; пупките на дрвјата се отворија, пуштија крилца како инсекти - чиниш ќе полетаат; се роеја во разновидни бои и со шаренило го искитуваа селото; небото зафати да се крева што можеше повисоко; блескаше сонцето чисто, биљурно.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)