Доцо, шо те вака умот. Јас лели гледаш, су си амак. Не ти разбирам од нишчо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Народните идеали, или долгот кон татковината, се разбираат од разни членови на народот различно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Посебно не се разбирав од таленти на кои, според Девојката во снежните топки, им требаше итно и сестрано реализирање.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Близу пол саат што одел, и кога дошол до една тумбичка, се качил на неа и чул од луѓе зборови; арно ама ништо не разбирал од тие зборови, така му се чуло, како кога да кљакаат штркови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Гласот на Дине никогаш немал толку оган во себе, пак предупредува Ако не разбирате од лаф тогаш оваа штица подобро зборува! и се чуја удирања што ја параа ноќта.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Почна да плаче, го фрли парчето леб со мајонез и тоа падна на подот, се разбира од страната на која беше мајонезот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Од каде пак овој се разбира од риба?”, како да го прекорува неговиот поглед, но сепак му мери два таса од перкијата што му мрда под мишка уште да го заскокотка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Повикот, се знае, беше за мене. Се разбира од амбасадата. Кој ли може да биде сега?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И како што пловеше пампурот, тие жените во бело облечени, добро нѐ ранеа и кога ни зборуваа почнавме да разбираме од нивните зборови, та си шепотевме – море овие ќе да се наши, та се преправаат дека се други.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со нив, тој го гледа соговорникот право в очи, но така што соговорникот никако не може да се ослободи ни од впечатокот дека овој ништо не разбира од тоа што го слуша, ни од уште полошиот впечаток дека неговиот поглед открива барем непријатна умисла.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Младите пак не сметаат за застарени, нѐ критикуваат дека сме старомодни, лошо се облекуваме, не се разбираме од современа музика, штедиме без потреба, им ги сечеме желбите на нашите деца, со еден збор - не знаеме да живееме.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Не знам, велам јас, не се разбирам од политики.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излегува на врата Огнен Ѓорго, а ние ни „помози бог“, ни „здраво-живо“, уште од врата прашуваме за некој што се разбира од ушни болести, што куша за уши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)