Ми се гади од оние кои не го разбираат моето гадење мислејќи дека јас го разбирам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таа не ги разбираше моите дипломатски победи, ниту мојата дипломатска мисија, претпоставувајќи дека мојата преусилена смелост и амбициозност може да ја доведе во прашање среќата на нашите деца.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбира мојот тим победи благодарение на мојата игра.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тие тешко ја разбираа мојата професионална среќа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбира моите сомневања не ѝ ги соопштив, иако тие се зголемија неколку минути потоа кога мајка ми зборуваше со некого по телефон и нервозно, повеќе сама за себе, промрморе: - Татко ти ќе се врати доцна од работа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)