разбира (гл.) - зошто (прил.)

- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се сеќаваш ли дека напиша во твојот дневник 'Разбирам како: не разбирам зошто'?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ја зеде одново перодршката и напиша: Јас разбирам КАКО: не разбирам ЗОШТО.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но јас не разбирам зошто морал да се служи со псевдоним во меѓународната полемика во весникот l`Europen? Прашањето Ви е на место, мој Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се вели дека никој не станал пророк во своето село. Не разбирам зошто да не е тоа можно! Јас, навистина, еве не разбирам. И велам: можно е!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас потполно те разбирам зошто си таков, зошто и јас еднаш бев таква.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа просто скокнала од своето место и извикала: „Јас сум учителка и не разбирам зошто Грета изгледа како проститутка!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не разбирам зошто таквите нѝ завидуваат нам кои имаме браќа или сестри и се жалат што се сами, па постојано навалуваат на мајките да им родат бебе. Глупави!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не разбирам зошто и како е можно мајка ми да е виновна за сите лоши работи, а татко ми да е невин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие денови бев задоволна и од резултатите на моите истражувања во фиоките и шкафчињата на брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога бев помала многу си ја измачував главата со тие размислувања и се обидував да ја сфатам вината на мајка ми, ама сега сфаќам нешто друго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уште не разбирам зошто сум тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вака се случуваат излишни притисоци и понижувања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не разбира зошто е потребно злосторништво.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега разбирам зошто не сакаш да се потурчиш. И имаш право.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Само, не разбирам зошто си морала да го лажеш она за појадокот, за ручекот и за моето честење низ куќа додека вие си играте, а татко ти чита весник.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не е голема и не е на најдобро место - вели понекогаш татко ми, но јас не разбирам зошто сето тоа би било многу важно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само не разбирам зошто, кога разговарате за тие нешта, тато те нарекува феминистка и Ерика Јонг. Што е тоа?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никако не разбирам зошто не тргнува порано, без разлика каде се упатила, за да стигне барем еднаш некаде на време.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Навистина не разбирам зошто луѓето толку го озборуваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Понекогаш плачев­ме, другите не разбираа зошто.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)