Во нескршливата тишина со нас се раѓа страв, исконски страв за да не се изгубиме во хаосот на апсурдното постоење, каде часовникот го мери нашето веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Чудните и неразбирливи знаци оставени од „староседелците“, како што ги нарековме лудите, што пред нас биле тука сместени (едно печеснаесет, сигурно последните, другите се разбегале веднаш по војната, се вратиле во нормалниот живот), - проклет да бидам, тие знаци раѓаа страв во коските.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)