рече (гл.) - збор (имн.)

Но сето тоа нема врска со речените зборови - глупости, глупости! - и сето тоа значи нешто друго.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги рече зборовите и како да му стана незгодно од нас. – Си зборувам- рече. – Ајде сега наместете се да го кажеме Очетонаше и да си одиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Тој не прозборе со мене. Ме остави овде, кај портата, и со камионетот замина без да ми рече збор.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Без да погледне во Боб и без да му рече збор, а исто така и на Даниел, таа стана и излезе надвор, со Даниел веднаш зад неа, како кога детектив апси некого на јавно место, без да им даде никаков знак на другите за тоа што се случува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
МИТРЕ: Еее... тоа е, се рекол зборот. „Нема сѐ токму на овој свет“!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се рекол зборот: „Добрите круши свињите ги јадат“!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сетила дека застанал пред неа, ама не му го разбрала гласот - зашто никогаш не го слушнала, ама и зашто тој ѝ рекол збор што таа одамна го беше изумила - Добарден.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Крстовица забави чекор во кој Кузе забележа страв. Ликуваше кога гледаше такви.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И, колку повеќе слуша плачење и редење, толку повеќе чувствува дека треба да рече збор, да допре нечија рака со единствена мисла дека ќе ја олесни и својата и туѓата болка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Без да речам збор, го ставив орденот на маса и излегов...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го заобиколи трњакот и влезе во питомината на која до пред една недела, изгледа, не беше ожнеана пченицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо ги погледна сликите, а потоа, без да рече збор почна полека да чита: “16 ноември 1940. Сорович.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас за сѐ подобро признав, зашто знаев Кејтеновиот син и да го убијат не би рекол збор, не би предал.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нина само потврдуваше без да рече збор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од разделбата збунети не го ни испративме – па ни тој не ни рече збор.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)