рече (гл.) - некој (имн.)

Ко нѐ виде нас, му пукна лејката, рече некој од дружината на Хаџи Ташку и сите, освен потковичаните, се смееја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе речат некои оти културната работа е возможна само кога има политичка слобода; без неа таа е невозможна. – Вистина, во таа забелешка има еден дел вистина, но само еден дел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Книгата била најдобра другарка, рекол некој и јас барам две другарки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Голема убавина, ќе рече некој, мислете дека сте дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Арно ама што рекол некој: „Не треба човек да се радува многу, ни да жали многу, оти зијан ќе го најде“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нека рече некој сега дека сум никој и ништо!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Овој ден е само за сликање, како порачан за сликање, рече некој, загледан кон полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Глад, ќе рече некој, воено време.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да не му влегла гуштерица в панталони, ќе рече некој или да не голтнал некоја смрдулка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)