рече (гл.) - стрико (имн.)

Христијани се и Грците, рекол стрико Никола, а вчера, на сам прв ден Водици ни го отепаа татка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не- рече Петре Даскалот на тоа. – Прво е потребно лушето да знаат дека крстот, камбаната и знамето ни требаат а после и Господ ќе помогне пари да се најдат. - Така е- рече стрико Најдо.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Го чув- рече стрико Герман, ја собра влашката шамија што ја имаше спострено на скутот, ја остави штицата до него, стана и му пристапи на сина си Љакето: со левата рака го фати за левото уво, му ја свитка главата така што Љаке го подзаврти десниот образ и тогаш стрико Герман со десната рака му влепи прку образот една, не шлаканица, туку цела тресеница од која на Љакето мора да му засвиреа ушите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Е,-синко, - ми рече стрико ми - ова е Кириловото писмо и на каменот пишува: „Дичо Карамешовски“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ами што иљач, Аритоне Јаковлески, - рече стриче Силе, - попусто ќе ги трошиме апчињата, свршено е со него, брате.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, ќе онеме, така рече стриче Силе Николоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Па тој тргнал веќе, бог да го прости, - рече стриче Силе Николоски, - ставете го в креветче, свршено е со него!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Јас“, реков. „Прифатено“, рече стрико Борис.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вечерта, на конференцијата за самокритика, стрико Борис рече: „Кого го прашавте та да го пуштите кучето?“ рече стрико Борис.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Како што реков“, рече стрико Борис. „Значи наредба“, рече кулачкото газе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
" "Не", рече стрико Борис.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)