- За таму нема никаков пат – рече учителката. – Има само ниви. - И бункери – помислив, бидејќи од тука се гледаат бели тркалезни бетонски капаци.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ех, Зоки, Зоки, а каде да те ставиме сега тебе? – рече учителката.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
„Сега ќе ги подредиме стапчињата и кој ќе преброи прв колку се,е нека крене рака!“ - рече учителката.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„Ќе ги пренесеме до реката, ќе ги пуштиме низ неа, а таа ќе ги однесе до најблиската пилана“ - рече учителката, но во тој миг екна школското ѕвонче.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)