рече (гл.) - слеп (прид.)

Зар не ја знаеш онаа, старата? Тргнал некој слеп на питање, та попат го сретнале некои мажи и го прашале: а бре, кој ти ги извади очите? Брат ми, - рекол слепиот. Е, затоа ти се ископани толку длабоко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Нека му е вечна слава...” рече слепиот Тимон. „Си ја даде душицата за да нѐ спаси нас...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)