рече (гл.) - еднаш (прил.)

Чанга скришум, преку своите верни козари, им испраќаше на функционерите млеко, сирење, така што речи­си сите ги имаше „в рака”, како што самиот му рече еднаш во шега на татка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ти треба книги да пишуваш, ќе им помогнеш на луѓето да ја заборават маката, додека ги читаат, - му рече еднаш на велгоштанецот мајсторот Трајан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А тој, ненавикнат, како што ѝ рекол еднаш на Мајка, ниту да дава а ниту да прима комплименти, секогаш сакаше да го прекине Камилски во тие негови напливи. Но тоа не му успеваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си реков еднаш да одам да викнам некого, ама веднаш си реков, а што ќе ми прави тој кога јас не знам што да правам!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
-Каде е тој коњ што не сум го видел?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и нејзе ова и го реков еднаш или двапати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Што се чудиш", ми беше рекла еднаш без да ми објасни за какво чудење станува збор. (Веројатно и бев приговорил за измешаноста на настаните за кои расправавме).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби не сакајќи ја имам и навредено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Јас не се чудам" и реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ме прашуваат за некаков бел коњ? - ѝ бев рекол еднаш одамна на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не,“ рече Клара. „Лудилото не се разбира себеси, и нормалноста не се разбира себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лудилото не ја разбира нормалноста, нормалноста не го разбира лудилото,“ рече еднаш доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ЧУМА „Татко ти многу го сакаше Максим Горки“, ми рече еднаш мајка ми откако татко почина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Дувај ги, викал татко, издувај ги, велел, да нема ни раска на јатките. - Да не сакаш и да ти ги џвакам, мајката, му рекол еднаш Јоше Свирачот, ама татко не го заушил убаво, оти устата му била преполнета со ореви што ги крцкал со забите и од тоа не му се дослушувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушај, му реков еднаш в крчма, слушај, јас сум измама и помалку сум вреден од најлошиот лик на твоите платна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вам ви е нужен многу воздух, му рекоа еднаш на клиника.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дефинитивно, ја сфаќаше вистината. Не можеше едниот да го остави, заради другиот, кој и да беше тој еден и кој да беше тој друг. „Дивна е нашата игра,“ ѝ рече еднаш гаменот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чао, другар брате. На здравје... Чао, Оче Симеоне, му рече еднаш мрачниот хирург.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веќе не стои во однос на било што; веќе нема никаква моќ над просторот, беше рекол еднаш; лежеше речиси непрекинато и едвај се придвижуваше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Слушај, му реков еднаш в крчма, слушај, јас сум измама и помалку сум вреден од најлошиот лик на твоите платна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ни дојде во Долнец, ѝ рекол еднаш Симон на Лена, додека разговарале за семејството. Лена ми го потврди тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Дали не ме маслосуаше ваа невестата Тода?“ — си рече еднаш сама со умот — „Зошчо пак да ме маслосуа, шо лошо су и направила?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не мисли на неа, ми рече еднаш мудрецот од Калкута, што повеќе мислиш, полошо е...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Во вестерн-филмовите јунакот доаѓа и заминува во просторот што треба да се освои и скроти... а не може и нема никогаш да се скроти и освои, бидејќи тој простор е безграничен!“ - ми рече еднаш дебармаалскиот сликар Илија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Како што рекол еднаш Винстон Черчил: „На Американците треба да им се верува.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ти си она што рече еднаш дека си - сув практичар и ништо друго. Во тоа е нашата драма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А јас сакав да живеам, да го слушам пулсот на животот. вечерва сум пијан, ми рече еднаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А Маргот се сеќаваше. „Тоа е како паричка!“ рече еднаш со затворени очи. „Е не е, не е!“ извикаа децата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И реков еднаш а можеби и повеќе пати на Катерина дека го сожалувам кутриот социјализам бидејќи имам впечаток дека во раните утрински часови работниот човек воопшто не мисли на него, на социјализмот, туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Џандарот Џипуновиќ, оној што ја солетуваше тетка ти Сијка пред да ја улови тетин ти, лично ми рече еднаш: А што си замислува оној ваш Голем Тодор. Игра се Бога, јели?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Дали се плашиш од твоите желби?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Знаеш што?“, божем му рекол еднаш Иван Степановиќ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Често го правиш тоа што не го сакаш“, му реков еднаш на татко ти кога ми го спомна по којзнае кој пат тој Јенков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ТЕОДОС: Така, туку сторив киет, реков еднаш и — ќе го земам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Тје, ти си го дал уште кога си го заборчил, кога имаш за давање, а пари немаш да вратиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Сакаш? Нејќеш, - реков еднаш јас кога си купив сладолед.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од година в година врз сладоледите имаше сè помалку чоколадо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас сум ви рекол еднаш, вели, а вие да мислите илјадапати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум ви рекол еднаш, а вие да мислите — илјадапати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— ,На жените само со бакнеж можеш да им ја затнеш устата", ми рече еднаш Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Замисли вонземјанин, рече еднаш Фокс, кој дошол овде да ја открие доминантната форма на интелегенција на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Баба Санда ми рече еднаш дека чичо ми морал малку повеќе да припази на нив за да не се промажат прерано, како што тоа тој го сторил со тетка Кате.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Дај да се напиеме“, ѝ рече еднаш Едо и поцрвене поради чувството дека си зел преголема слобода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги имаше и ликовите на словенските светители - свети Кирил филозофот и Свети Методија, ама и нивниот ученик Свети Климент, чие чедо беше и самиот тој, како што му рече еднаш Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Замисли, Бреза – ми рече еднаш тој – што ми се случи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги сретнав Јана и чичко Славко во слаткарницата „Палма”!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)