рече (гл.) - загрижен (прил.)

Тие не се во прв план! рече загрижено Сотир Паскали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ме повика и ме искара, зашто јас сум ѝ дала цела чашав вода да се напие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Шефот Кузе ми рече загрижено: Милка, ако умре Елица, цел живот ќе ја носиш на душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа е многу малку храна, ти си слаба, треба да јадеш повеќе. – реков загрижено - Не, не ми е доручек, јас секое утро, веднаш по будењето ова го правам не го оставам никогаш гладен стомакот. – одговори таа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Да не паднеш“, му рече загрижено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)