рече (гл.) - налутен (прил.)

Тие зборови, особено последниот, срцето му го параа на Крстета и затоа рече налутено: — Никаков татко, никаква мајка, никаква Анѓа, никаков никој?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ете, јас, како што гледаш, со добро ти велам дека те бара, а зошто, изгледа само тој знае.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога приближал кај нивата, видел еден чоек в нива кај туку збират класје, дошол в нива и му рекол налутено на чоекот што збирал класје: - Море чоече, што збираш во туѓа нива класје?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Море, да не е шофер на другарите, на што ќе те барав, - рече налутено и со дланката се удри по внатрешниот дел на лактот така што раката одеднаш му се подигна и кога се најде до носот, Кузе ги стегна прстите во тупаница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)