рече (гл.) - отсечно (прил.)

- рече отсечно Палигоров давајќи ми јасно на знаење дека сака да го прекине разговорот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Лекарот рече нешто на унгарски, а потоа на руски: - Ранетиот во операционата сала - рече отсечено и излезе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не чекаше потврда. Ја спушти слушалката и побара: - Побарај ми го главниот интендант! - рече отсечно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кикицас, гмечејќи ја цигарата со дебелата петица на поткованата чизма, тивко, но доволно гласно за да слушнат сите, рече отсечно: - И јас сум член на командата и ништо друго не ми е познато што реши таа освен ова што пред малку го изнесов...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговиот поглед падна врз парченцата од скршениот стаклен тег за хартија. „Соберете го тоа“, рече отсечно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За мене книгите биле секогаш во прв план! рече отсечно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бидејки не можете да се договорите, сите ќе пиете во стаклени. –Реков отсечно.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со мајка на овој начин и со тој тон не се разговара.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакаш? – потворував. - Не сакам – рече отсечно и луто таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Никако - рече отсечно, со тон што не трпеше приговор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)