рече (гл.) - тивко (прил.)

- Петар, мораме да станеме, денот врви има многу за работа... рече тивко Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- И уште нешто, јас без оган не одам никогаш. –рече тивко баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Не, фала му на Севишниот, не”, рече тивко Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ако го промените однесувањето, тие ја постигнале целта. Нели е така?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Оче”, рече тивко, „те молам помогни ми да видам што можам да сторам за Ренди.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Ако, комшија, ако... Одмори се... - му рече тивко, сочувствено дајреџијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Стани, - му рече тивко Панде кога ги отвори овој очите и запра со ’ркањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не верувам дека ќе можете да ги разберете! – реков тивко!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Кети“, тој рече тивко како божем неговата сопруга да беше до него, „Кети, Господ нека му прости. Господ да ни прости на сите нас!“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Таму... – рече тивко и со раката покажа на исток.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Зборуваш македонски? - Лафам, ама не многу гласно зашчо се ушче има руфјани...2 – рече тивко и погледна на масата во другиот крај на кефеаната. – Туа о леринцко помногу се лафи... и се пее...македонцки...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Герција е по подолу... – рече тивко и со рака покажа на југ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- За душите... – рече тивко и со растреперен глас ни го раскажа настанот за кој само старците потајно зборуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колку убав ден и колку убав снег - си рече тивко и влезе вкуќи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Не викај, рече тивко. - Ќе ти донесам. - Ќе донесеш, ами како.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Замина кога најмногу требаше да живее. - рече тивко Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како нејзините окоравени очи да рекоа: - што, што!?) - Ништо, Леме, рече тивко вујко ми, во очите му светна солза, се колнам, - само нека поминат овие пусти, гладни години, рече.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со оној ист глас рече: - Верувај ми Леме, - рече тивко, како да ги кинеше зборовите од својата душа, - верувај ми, малечок, еден век мораш да останеш така на тоа место.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа постоја малку како да не чула, ги крена очите кон него, го погледна и како да ѝ пукна нешто во неа, му рече тивко: „Ајде...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа Круме ми го рече тивко, како да го кажа само за себе, и како да додаде: „Слобода ли е тоа?!“ додека двајцата гледавме во развеаната сукња на Илона, (небесно сина, широка во долниот дел, на половината припиена за телото, одназад врзана со тегетен колан), во миговите кога таа со ситен чекор по плочникот се оддалечуваше од масата на која дотогаш седевме заедно во бавчата на „Анте Портас“ на кејот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Игор Лозински, беше јасно дека запаѓаше во нова меланхолична тирада која требаше да го води уште еднаш до вистината кон која ги упатуваше и оддалечуваше своите собеседници, пријатели: - Насетувам, веќе ви реков пријатели мои, дека немам уште многу живот за да го следам текот на овие води, судбината на овие јагули на големиот пат кон океанот и да го дочекам нивното враќање, - рече тивко Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- му рече тивко Горјан на Трајчета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Никогаш не ќе имаме пет илјади долари.“ „Знам“, рече тивко.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нумо подигна поглед и рече тивко, колку за себе: - Ете го, пак кружи...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Значи и ти си бил на списокот... - рече тивко Пандо. - Бев, ама останав жив...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А што мислиш, - рече тивко Пандо – дека бевме наивни?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рече тивко, помрднувајќи ги усните: - Добро, нека се плати штетата... Пушти го...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Летот не смее да се прекине. Благиот лет на пролетта. – Но веќе сме во јули – реков тивко.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Јана дојде...“ и тој рече тивко, „ќе појдеме до Реката, до ливадата! Да знаете каде сум...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- рече тивко и погледна да види некој да не ја слушна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А кој ќе ме замени? - Циљка - рече тивко десетарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Америка, Америка, пуста да остане... таму е син ми - рече тивко и низ липтеж. - Син ми, Митре...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Тамбурата е ептен марифетлија работа, сакан бегу“, рече тивко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ако некој му го забрани ова право на игуменот“, рече тивко игуменот, гледајќи го под око овој дрзник, „Свети Ѓоргија да му е осветник, разбра?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)