рипа (гл.) - од (предл.)

Двете сестри скоро истовремено зборуваа: - Кога пристигна телеграмата од Хелвиг, сме рипале од радост дека ќе се видиме. Најмногу за Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дечињата рипаат од радост.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Стариот Циганин рипа од радост до бога, а чорбаџи Теодос се кине.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стариот Циганин не пушта од рака таков лов, таков гопем крап. (Од десно се слушаат гласови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНГЕЛЕ: (Рипа од сон.) Опа. Те видов!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)