сака (гл.) - нејзин (прид.)

Ја сакаше нејзината насмевка додека го послужуваше нешта што - кога ќе се погодев со нив, ќе спомнев онака отстрана - почнала самата да ги готви и кои тој искрено ги фалеше зашто тие за него имаа двојна сласт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Очекувајќи ја, Јехуда мислеше на неа и времето во работа му минуваше неосетно, сè додека, стоејќи во прикрајок од неговиот дуќан да излезе понекој задоцнет муштерија, Алгра не се појавеше на вратата од неговиот дуќан и не му ја положеше главата на градите, симнувајќи му го кројачкото метро од вратот со едно долго повлекување.  Така од квечерина на квечерина Алега и Јехуда сè потешко се разделуваа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа таа пак не сакаше нејзините деца да и останат слепи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зарем сакаше нејзиното дете да не ја почувствува таа закрила, таа сигурност, што во пресудните моменти во животот ја дава само таткото?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа велеше дека на ова огледало ѝ се прикажувала судби­на­та, низ нејзината мајка чија судбината сакаше нејзината ќерка да не ја види жива.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Жената си е мајка на чупето. Безбеле она повеќе си го сака нејното чупе отколку ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не разговаравме никогаш но јас знаев дека ги мрази моите три маслинкени стебла; ме гледаше понекогаш како првата што ме гледаше кога мислеше дека не ги сакам нејзините стебла зашто мислеше сека се тие нејзини, само нејзини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)