Ни збор да ми дојде на уста, ни солза можам да измолам, да пуштам. „Животот е роса, велеше мајка, ќе светне и ќе загине.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Облаци златокоси, дождови темнооки, Таги мои извишени, ноќи најглобоки, Што ми бегате штом ве иштам Дури лелекам, дури пиштам Од болки-додолки, од маки мартинки, Штом се стишам кога дишам Темното штом го рисам, За да светнам и да летнам, Како птица небесница, пеперуга златница Како миризлива стих-латица Како ѕвезда крилатица?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Сите свечено облечени, во црно, собрани околу мене, со лицата светнати и забите чакнати. Јас сум на средината.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Беа светнати и кориците на големите книги на чардакот: во прв ред Библијата, Куранот, Талмудот, енциклопедиите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој кој целиот живот ја газеше и ја лазеше земјата, тој кој целиот живот беше врзан за неа и со табаните и со душата, одеднаш светна и летна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Небаре светлинка ќе болснеше во мракот, небаре накратко сонце ќе светнеше и пак мрак – солзите никогаш не ни пресушија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)