свика (гл.) - тој (зам.)

- Лепешкари! свика тој, да го чујат дури надвор и чукна во тупаница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Еј, полека, Џив! - свика тој.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Пуштај! – им свика тој луто и нестрпливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Кучке! - ѝ свика тој и се обиде да ја удри. Но таа му побегна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ти гледај си ја работата... - ѝ свика тој и влезе во одајата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ама што ѓавол ти пречи... - ѝ свика тој и ја фати да ја трга во одајата кај Бонети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Салуте“, свика тој едноставно, „ни остана ли нешто за муабет?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Чекајте! Да не се правиме за срам и поруга!“ свика тој.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Нека е аирлија, рисјани!“ свика тој радосно и ги спотера магарињата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Море, губи се оттука – ќе ми свика тој и, ако е лошо расположен, дури и ќе ме истурка со раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Никој тебе ништо не ти рече – го замолча мајка ми – оди си в соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе и дадам јас нејзе шок – пак свика тој. – Таа ака наоколу до полноќ, а после, Ведан е крив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ауу, овој ептен бил лут, си реков и си влегов во мојата соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Попладне во пет, „састанак”! – викнав подотворајќи ја вратата на поминување крај собата на брат ми. - Губи се! – свика тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Што да правиме?” „Рушете”, им свика тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Кое туѓо?” свика тој. „Знаеш добро: Скрче...“ „Како туѓо? Како туѓо?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Слушај, - свика тој, - уште еднаш ако сими спомнал мајка, или татко, со тебе поинаку ќе разговарам, да знаеш!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Немој да сте го ваделе дворот со цревото, - ни свика тој кога заминувавме, - кал ќе се направи, не ќе можам да ја исчистам терасата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Но, тато... - се обидов уште еднаш. - Не сакам да чујам ни збор! - свика тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Сус сега! – им свика тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)