Затоа музиката час доаѓаше од небесата, а час чиниш Јосиф гледа како во некој парк ја свири оркестар од луѓе облечени во бели униформи, а наоколу шетаат парови, родители со деца, сите лични и преубаво облечени, сите со среќни изрази на лицата и толку свечени, достоинствени.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Потемкин несаден а никнат: пекарите полни лебови, бонбони во продавниците, привид што не се заборава – евреите ги уживаат сите права сите имаат од потребното повеќе згора и свират оркестри, пеат хорови - додека да заврши посетата на црвениот крст благосостојба на реверс просто да ти завидат гостите а потем сѐ по старо,
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)