Држејќи се со обете раце за половината, човекот полека се свитка и клекна на коленици, се обиде со уште еден напор по тој напор да продре со влажните очи во темницата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го дочита писменцето Неделко Сивески, го свитка и ни го даде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бил заврши со завиткувањето на жиците, ги свитка и го крена погледот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Тој е свиткан и грбав затоа што цел живот до пред да стане комесар, молзел овци...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И умре Диме од Милевци. Олкав маж беше, ама гладта го свитка и не се исправи повеќе. И умре Тодорица Петкоска. 108
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еднаш, церибашата Осман-ага дојде во одајата на ќајата по некоја своја приватна работа, но тоа што ибн Бајко не се свитка и веднаш не излезе да ги остави сами, не заличе на дрскост, туку на понизност што бара да е на услуга.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)